„ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори“, е потенцирано во соопштението од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, посочуваат од партијата на Мицкоски, се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија и постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори.
„На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање активна блокада во Собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници“, е нагласено во дописот од оваа партија.
„ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори“, се појаснува во напишаното од страна на ВМРО-ДПМНЕ.