ВМРО ДПМНЕ објави уште дестина имиња на кандидати за градоначалници на локалните избори. Во Југоистокот, оваа партија ќе настапи со кандидатот Славе Андонов во општина Василево и Ѓорге Божинов во општина Ново Село.
Андонов е дипломиран правник, додека Божинов дипломиран економист кој во моментов е извршен менаџер во приватна градежна фирма.
Претходно оваа партија ги објави имињата на кандидатите за градоначалници во Босилово, Конче, Радовиш, Валандово, Гевгелија, Дојран и Богданци.
Во регионот, не се знае уште кандидатот за градоначалник за општина Струмица.