• Fri. Nov 22nd, 2024

ВМРО-ДПМНЕ почна процедура за интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес, официјално ја поднесе интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Оваа интерпелација е резултат на хаосот што се случува во Собранието, а е под директива на Џафери и како резултат на сè почестото кршење на Деловникот, како и самоволието што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција, се вели од информацијата од ВМРО ДПМНЕ.

Сметаат дека, во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само поради тоа што очигледно Џафери, дефинитивно, не сака или не знае капацитетно да води една демократска институција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *