Кандидатите на ВМРО ДПМНЕ од Гевгелија, Конче и Василево ја добија довербата на граѓаните по вториот круг од локалните избори што се одржа вчера.
Кандидатот Андон Сарамандов од ВМРО ДПМНЕ освои 7.546 гласа, наспроти неговиот противкандидат Сашо Поцков од СДСМ кој доби 5.130 гласа.
Тесна политичка битка се одвивала во Општина Василево каде што кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Славе Андонов освои 3.332 гласа, а неговиот против кандидат од СДСМ Марјан Јанев освои 3.306 гласа.
Во Општина Конче 23 гласа повеќе ја донеле победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Златко Ристов кој освои 1.083 гласа, а за неговиот противкандидат од СДСМ гласале 1.060 гласачи.