• Sun. Nov 24th, 2024

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за брутално насилство врз бебе во гевгелиска градинка

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за брутално насилство врз десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, а управата на градинката сакала да го затскрие случајот. Според ВМРО-ДПМНЕ настанот се случил во вторникот, а наместо одговорните од градинката, родителот го пријавил случајот во полиција и го однел на лекар.

„Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата. Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа“.

Директорката на детската градинка Елизабета Стефановска вели дека детето било повредено при игра со деца и дека не се вклучени вработени. За случајот го информирала МТСП и е отворена постапка. Директорот на Општа болница Гевгелија, пак, изјави дека детето било примено во болница со лесни повреди, гребнатинки.

„Детето е донесено попладнето на дежурен лекар, контактибилно, во свесна сотојба, зениците му реагирале на светлина. На десниот образ имало гребнатинки и црвенило, исто така и на носот и во пределот на главата. Од направениот преглед е утврдено дека нема сериозни повреди“, рече д-р. Митко Крџев-директор на Општа болница Гевгелија

Од МВР потврдија дека денеска е пријавен случајот. Станува збор за поднесена пријава од родител од село Брајковци кој кој во пријавата навел дека вработените подолг период ја оставиле неговата десет месечна ќерка без никаков надзор, при што детето се здобило со повеќе повреди. За сличајот е известен и јавен обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *