ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ЈО го прикрива убиството на Јован Витанов. Партијата испрати соопштение со кое директно се посочува струмичкото јавно обвинителство дека се обидува да го затскрие убиството на 26 годишното момче од Струмица.
Од партијата наведуваат дека според информациите кои излегоа во медиумите, дури ЈО кој излегол на терен, извесен Златко Иванов, констатирал дека обдукцијата врз телото на убиеното момче била вршена нереално, односно било манипулирано со трагите од насилство. Но случајот тука завршил. Зошто и дали некој наредил во Судска медицина да биде изготвен таков извештај со цел случајот да се затвори како несреќа?
„Целиот случај е воден со големи пропусти. И индицира дека буквално се внимавало да не се дојде до некого. Ова е втор случај во кој власта се обидува да прикрива убиство, како што беше случајот со убиството на ракометарот Тот. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.