• Fri. Nov 22nd, 2024

ВМРО-ДПМНЕ го повика обвинителството да поведе истрага за изборот на надзор за коридорите 8 и 10

Министерот за транспорт и врски Бочварски не одговори дали се запознаени со дипломатскиот скандал во Ерменија во кој е вклучен Бранимир Димитријевиќ, кој пак е поврзан со фирмите кои ќе вршат надзор за коридорите 8 и 10. Тој се држеше до изјавата што пред неколку дена ја даде директорот на Јавното прептријатие за државни патишта. Дека постапката е транспарентна, а коридорот е клучен за поврзаување на државата.

Бочварски не навлезе ниту во толкување на владината одлука според која е одредена забрана за шпанската компанија Ептиса да учествува на тендери над еден милион евра, порадинезаконско, неетичко и недоговорно постапување, но по само неколку седмици ја променила одлуката. Министерот кусо рече дека станува збор за компанија со меѓународно реноме.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска го повика јавното обвинителство да отвори истрага за случајот. Тие сметаат дека станува збор за скандал и дека е сомнителен изборот на компанијата за надзор.

Сомнежите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се дека зад тендерот за надзор вреден 22 милиони евра се кријат луѓе блиски до власта.