Спортот ја афирмира Струмица, порача најдобриот спортист во градот за 2022 година. На традиционалниот настан на кој се прогласуваат најуспешните во поединечниот и екипниот спорт во Струмица, Владо Милев, капитенот на ОК Струмица, рече дека исклучително важно е градот и општината и понатаму да го поддржуваат и да вложуваат во спортот и спортските надежи.
Градоначалникот Костадинов наброја дел од струмичките спортски легенди чии имиња го вивнаа не само општинскиот туку и републичкиот спорт, а дел од нив израдија импресивни интернационални кариери.
Покрај спортистите кои забележаа успеси минатата година, специјални признанија добија и поранешни спортисти, општественици и политичари.