Владо Јаневски стана гевгеличанец. Познатиот пејач и автор се преселил во Гевгелија, затоа што, како што изјави во утринската емисија на Канал 5, му бил потребен мир и спокој.
Јаневски рече дека веќе извесен период живее во стан во Гевгелија и дека животот во овој град го смирува и исполнува. Деновите ги минувал со својата гитара, луѓето биле срдечни и љубезни. Кога имал потреба од клавир за компонирање музика, го користел оној во казиното Фламинго.