• Fri. Nov 22nd, 2024

Владата најави антикризни мерки вредни 350 милиони евра

Владата на денешната седница разговарала за економско-енергетската криза и донесе нови антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

-Клучната порака денеска е дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Кризата ќе ја пребродиме сите заедно, мора да има енергенси, парно и струја, но и таргетирани мерки за најранливите категории граѓани. Направивме длабоки консултации со експертите, работодавачите, стопанските комори и пензионерите, науката,… Ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и компаниите, но од денес уште попосветено ќе работиме за надминување на кризата. Делуваме одлучно и преземаме мерки кои ја ублажуваат кризата, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека продолжува програмата за енергетска сиромаштија, за финасирање на општините за проекти за енергетска ефикасност, а истовремено, како што рече се одложува воведувањето на еколошката такса, односно таа нема да биде воведена оваа година.

Премиерот очекува дека антикризните мерки ќе бидат поддршани од страна на сите пратеници во Собранието.

-Не можам да тврдам за Левица, но очекувам останатите пратеници целосно да го поддржат новиот сет мерки за најранливите категории граѓани со цел полесно надминување на економската и енергетската криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *