• Sat. Nov 23rd, 2024

Владата ќе додели стан во Струмица на семејството Белчовски

Владата ќе додели стан во Струмица на семејството Белчовски, објави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот информацијата ја сподели на својот фејсбук профил.

„Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост, напиша Бочварски.

Во моментов во Струмица тече конкурсот распишан за доделување на социјални станови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *