• Sat. Nov 23rd, 2024

Владата го прогласи Малешево за заштитен предел

На денешната 127-ма Седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава изнесува се зголеми на 13,8 %, информира министерот за животна средина Насер Нуредини.

Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.

„Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје“, вели во соопштението Нуредини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *