Неизвесно е дали и како ќе им се помага на македонските компании да ја поминат кризата. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека допрва ќе се разгледуваат барањата на стопнството за корекции на ДДВ-то и маржите за електрична енергија.
„Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, ако знаеме дека таа е над 1000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија. Така да ова прашање веќе го разгледувавме на економскиот совет кој јас го свикувам за различни теми од економските прашања и штом ќе ги имаме пресметките, тогаш нормално дека ќе се интервенира во тој дел“ – изјави Ковачевски.
Стопанствениците предупредија дека ако власта не им помогне и тоа веднаш, многу од компаниите ќе мора да затворат и да поделат откази, затоа што веќе не можат да се носат со високите трошоци за струја.