Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале вкупно 11 857 граѓани, од кои 10 845 примиле прва доза од вакцината, а останатите втора, покажува извештајот од Министерството за здравство.
Со овие бројки вкупниот број на вакцинирани во државата се искачи на 107 978 лица од кои 22 900 граѓани се имунизирани и со втора доза од вакцината.
Околу 30 отсто од населението над 70 години веќе има примено барем една доза од вакцината.
Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се пријават за вакцина преку веб-платформата vakcinacija.mk. Оттаму констатираат дека интересот се зголемува и досега има 279 909 граѓани кои се пријавени.
извор:https://360stepeni.mk/vkupno-se-vaktsinirani-107-978-gragani-vchera-se-upotrebeni-11-857-vaktsini/