Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистрирани се 361 нов случај на Ковид-19 во: Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево по 2 и по еден заразен во Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се 8 починати лица – 4 починати од Скопје (61, 71, 71 и 83 години), 3 починати лица од Битола (70, 74 и 84 години) и едно починато лице од Куманово (47). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 7 починати лица во периодот од 26 ноември до 8 декември. Меѓу починатите тројца се од Тетово и по двајца од Скопје и Гостивар. Лицата биле на возраст од 47 до 88 години, а од нив черворица се починати во домашни, а тројца во болнички услови.
Во изнинатите 24 часа регистрирани сe и 433 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица по 4, Македонски Брод и Кратово по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија по 2 и по еден оздравен од Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен.