Викарниот еписокоп Јаков и градоначалникот Костадинов присуствуваа на Божиќниот детски концерт. Владиката Јаков вели дека денешната глетка е голема радост за сите струмичани. Тој се надева дека ова ќе прерасне во традиција на градот.
Градоначалникот Костадин Костадинов, пак, заедно со советниците во Советот на о. Струмица ги пречека дечињата во општинската зграда и им поделија пакетчиња.
Дечињата во поворка тргнаа од црковниот храм „Св. Кирил и Методиј“ и пристигнаа на плоштадот „Гоце Делчев“ каде се одржа Божиќниот концерт на децата од Училиштето за веронаука „Кирил и Методиј“.