Постоела традиција за новогодишен концерт во Виена уште од 1838 година. Но, не со музика од семејството Штраус. Од 1928 до 1933 година, имало пет новогодишни концерти во зградата на Музикфераин. Биле диригирани од Јохан Штраус III. Овие концерти ги пренесувала станицата за радио-дифузија „ОРФ“ (ORF). Во 1939 година, Клеменс Краус, со поддршка од Балдур фон Ширах, осмислил концерт за новогодишните празници посветен на Зимската воена помош (‘Kriegswinterhilfswerk’). Целта била да се зајакне моралот на борбените линии. По Втората светска војна, концертот продолжил да се изведува, а почетоците и идејата за концертот на нацистите биле заборавени сè до скоро.
За првпат концертот е одржан во 1939 година, под диригентската палка на Клеменс Краус, и само тогаш е одржан на 31 декември, а не на 1 јануари. Наречен бил специјален или посебен концерт, а се изведувале дела само на Јохан Штраус синот.
Музиката што се изведува на Новогодишниот концерт секогаш вклучува дела од семејството Штраус — Јохан Штраус I, Јохан Штраус II, Јозеф Штраус и Едуард Штраус — со повремени дополнителни музички дела од други главно австриски композитори, вклучувајќи ги Јозеф Хелмесбергер Јуниор, Јозеф Ланер, Моцарт, Ото Николај (основачот на Виенската филхармонија), Емил фон Резничек, Франц Шуберт, Франц фон Супе, и Карл Микаел Цирер. Во 2009 година, музиката на Јозеф Хајдн била изведувана за првпат, заради одбележување на 200-годишнината од неговата смрт. Традиционално се изведуваат околу десетина композиции, со интервал на половина од концертот. Композициите вклучуваат валци, полки, мазурки, и маршеви. Златната сала.
Отворањето е секогаш со брза полка, а втора комозиција е На плавиот Дунав од Јохан Штраус синот. По тоа следува аплауз и честитки за новата година од музичарите до публиката. Последен е „Радетскиот марш“ на Јохан Штраус таткото, додека публиката удира со дланките во ритамот во кој се диригира. Времетраењето на целиот концерт е околу два и пол часа.
Концертот се одржува во „Златната сала“ (Goldener Saal) од зградата на Музикфераин од 1939 година. Емитувањето на телевизија е придружено со балетски изведби во текот на вториот дел од програмата.
Во 2017 година, оркестарот за првпат се појави во нова облека дизајнирана од Вивијен Вествуд и Андреас Кронтхалер.
Виенскиот новогодишен концерт (германски: Neujahrskonzert der Wiener Philharmoniker) — концерт на класична музика изведена од страна на Виенската филхармонија, кој се одржува секоја година во утринските часови на 1 јануари во салата на Музичкото здружение во Виена, Австрија. Се емитува во живо во целиот свет, а публиката е проценета на повеќе од 50 милиони во 73 земји во 2012 и 93 земји во 2017 година.