Писателот Видое Подгорец заслужува поголемо внимание од научната јавност. Вака тврдат од здружението на граѓани „Средби под јаворите-Видое Подгорец“, основано во негова чест од писателот Киро Донев.
Здружението кое постои речиси дваесет години викендов го организираше третиот симпоизум „Книжевното дело на Видое Подгорец-јазик, поетика, херменевтика“.
На симпоизумот учествуваа дваесетина научници, професори, книжевници, кои со своите трудови се обидуваа да додадат нова вредност во научната мисла за големото дело на Подгорец.