Низ поетски стихови, со видео приказна но и низ сведоштвото на неговата сопруга Смилја, ќе се раскажува животната и поетска врска на поетот и новинар Иван Василевски со Преведена. Местото кое според неговата сопруга е извор на нивната најголема радост и тага, одиграло важна улога во животот и творештвото на Василевски.
Преведена како топос е често застапена во песните на Василевски, таму е неговото вечно почивалиште, а таму и живее неговата сопруга, опкружена со природата, спомените, омилените предмети и семејните албуми.
Поетскиот филм е во продукција на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“.