• Sat. Nov 23rd, 2024

Видео: Утре двочасовна блокада во Гевгелија

Утре блокада на влезовите во Гевгелија. Предупредувачки протест на граѓанските организации Change makers (Чејнџмејкерс) и Спас за Гевгелија насочени против измените на законот за увоз на отпад. Советникот во општинскиот совет и граѓански активист, Ристо Камов, вели дека не смее да се дозволи во Гевгелија да се складира и преработува РДФ отпад.

За активистите, не е проблем само отпадот, туку и сомнежите за повторно отворање на рудникот Казандол. Според нив, има иницијативи рудникот во Валандово повторно да работи.

Блокадите ќе траат два часа. Целта им е да им порачаат на институциите но и на компаниите дека нема да се дозволи загадување на Југоистикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *