• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Струмичкиот градски парк

 Видео: Струмичкиот градски парк искапен во сонце. Овој февруарски ден е вистинско уживање да се шета низ парк. Пролетни температури, пријатно време и зеленило.

Градските паркови се зелени површини направени во градовите за намалување на загадувањето на воздухот и како место за релаксација и разонода. Правењето и одржувањето на еден градски парк е должност на градската управаопштината или пак на државата по извесни прилики. Некои паркови имаат игралишта, транспортна единица, езерце, спортско игралиште и др.

Еве една обиколка во струмичкиот градски парк.

 Парк е природен, полуприроден или уреден простор со зелена површина (дрва, грмушки, трева, цвеќиња и други растенија), наменет за разонода, рекреација и одмор на луѓето. Парковите може да се состојат од тревнати површини, карпи, дрвја, но и градежни објекти и други објекти, како: угостителски објекти, споменици, фонтани, направи за вежбање, направи за играње на децата или домашните миленици итн. Исто така, некои паркови вклучуваат и посебни терени за разни спортови, како и патеки за пешачење, велосипедизам итн. Најпосле, парковите се опремени со разна урбана опрема, како: клупи, маси, скари итн.

Посетата на еден град не се состои само од посета на неговите музеи, кафулиња, шопинг центри и восхитување на архитектурата. Тку и уживање во неговата природа. Нема ништо подобро од малку одвојување од урбаната средина во мирно зеленило.

Токму затоа, важно е секогаш при посетата на некој нов град да ги погледнете и неговите паркови.


1. Griffith паркот во Лос Анџелес

Ова е еден од најголемите паркови во подрачјето на овој град кој има своја опсерваторија од каде можете да го погледнете целиот град.

2. Паркот Guell во Барселона

Овој парк е украсен со живописни керамички плочки со карактеристичен дизајн кој со сигурност ќе успее да ве воодушеви.

3. Ueno паркот во Токио

Ова е еден од првите паркови во земјата на домот на најубавата флора и фауна каде ќе најдете и неколку музеи и храмови.

4. Hyde парк во Лондон

Овој парк е еден од најубавите и најпосетените отворени простори во градот.

5. Central паркот во Њујорк

Урбана оаза во бетонската џунгла на Менхетен. Во текот на летото многу луѓе уживаат на попладневен пикник меѓу фонтаните и скулптурите или се лизгаат во зима.

6. Villa Doria Pamphili во Рим

Езеро, зелени предели и градини кои се идеално место за да побегнете од брзиот живот.

7. Паркот Luxembourg во Париз

Овој парк е како враќање во минатото, бидејќи цвеќето датира уште од 1600-та година.

8. Birapuera во Сао Паоло

Овој парк е изграден за да се прослави 400-иот роденден на градот, а во него има импресивна архитектура и бујни зелени површини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *