Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8%), уметност, забава и рекреација (20,1%) и административни и помошни услужни дејности (17%)