• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Промоција на „Место за бегство“ од Вања Изова Велева

Песни за детството, за изгубеното време на безгрижност, слатките семејни сеќавања се опеани во триесетте песни на поетесата Вања Изова Велева. Нејзината најнова стихозбирка „Место за бегство“  синоќа се промовираше во Градската уметничка галерија во Струмица.

Според рецензентот Мишел Павловски, одлика на поезијата на Изова Велева е искрената лиричност на исказот. Нејзината поезија е искрена и топла, лирична и лелеава. Тој додава дека  авторката ја има способноста да создаде комплексни, слоевити поетски дискурси со употреба на едноставни, секојдневни лексеми.
Изова Велева, пак, вели дека освен пишувањето и мултимедијалното повзрување со музика и слика бил макотрпен процес.

Вања изова Велева е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година.

Објавила десет поетски книги, прозните записи „Неколку легенди за Струма“, како и книгата која е нејзин магистерски труд, „Жената и каменот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *