• Thu. Nov 21st, 2024
Prazno Skopje

Знаеме дека сите градови за време на забраната за движење изгледаат некако надреално, постапокалиптично. Изминатите денови видовме колку е пусто навечер во Струмица, Гевгелија и други помали места од Југоистокот.  Тие слики ни се тажни, тешко прифаќаме дека врвулиците од нашите малечки гратчиња не се повеќе дел од крвотокот, не жуборат на ист начин. Како пресечени вени, такви безживотни се улиците. И се уште е неверојатно дека поранешното  живеење е само во нашата свест. Во сеќавањата од пред месец, два, минатото лето. Но, главниот град? Скопје во кое живеат повеќе од 800.000 жители, сигурно не е сеедно кога ќе го видиме вака соголено од луѓе, од движења, од забрзаните чекори на оние кои што постојано некаде итаат и никако не стигнуваат. 

Токму вакво, разбременето и речиси уметнички исчистено од знаци на постоење го доловил денеска снимателот Љубомир Бубе Домазетов. Тој вели дека во ова време на притаеност, сака да ги зачувува  најубавите моменти од мирнотијата на Скопје, како сенките си поигруваат врз празните улици и како во сето ова има нешто убаво. Надеж. 

Уживајте во видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *