Огновите имаат голема симболика во народното одбележување на голем број празници. Почнувајќи од коледарските огнови, па оние за Василица и Прочка. Огнот е неизбежен дел од обредното празнување. Според фолклористот Иван Котев симбликата на огнот е многузначна. Тој пет децении е меѓу струмичани и се интересира за начинот на кој тие го празнуваат Бадник и Коледе, какви обичаи почитуваат и што знаат за нивното значење.
Македонската православна црква е против начинот на кој се слави Коледе. Сметаат дека јадењето мрсна храна и пеењето еротски песни во очи на Божиќ не доликува на православното одбележување на празникот Бадник. Котев, пак, вели дека тоа се остатоците од паганизмот кои имале за цел да се поттикне плодноста: во семејството, на добитокот, н ои родот на нивите.
МПЦ и годинава упати апел да не се палат бадниковите огнови поради големото загадување на воздухот, но најмногу поради тоа што огновите не се во склад со христијанството.