Легендарниот гитарист Карлос Сантана (74) се онесвести и колабираше на настап во градот Кларксон, во американската држава Мичиген, а неговите обожаватели ширум светот се молат за здравјето на нивниот идол.
Снимката од инцидентот почна да се шири на социјалните мрежи, а добра вест може да биде фактот што музичарот брзо се освести и им мавташе на публиката додека го симнуваа од бината. Настапот на крајот беше откажан.
Сантана годинава е на турнеја со бендот „Earth, Wind & Fire“, а планот беше да трае до август.
Сè уште нема официјални информации што се случило со Сантана, но медиумите потсетуваат дека минатата година гитаристот имаше операција на срцето, поради што беа откажани сите настапи во декември.