По повод 11 години од смртта на музичката легенда Гоце Арнаудов, младиот музичар Јовче Пандев направи краток документарец. Видеото кое трае нешто повеќе од шест минути содржи исечоци од многубројните настапи на Арнаудов, делови од негови интервјуа, но и изјави од струмичани.
Во видеото зборуваат раперот Драги Кискин, музичарот Љубомир Митровски, поетот Никола Маџиров, сопственикот на крафт барот Вторник, Коста Караманолев.
Авторот на документарното видео, Пандев, вели дека овој документарец прво бил замислен да се прикаже на концертот посветен на Гоце Арнаудов во склоп на Струмица опен фестивал.
Видеото, како што наведува, го направил за да се долови уникатниот, посебен стил на Гоце Арнаудов.