• Sat. Nov 23rd, 2024

Вицепремиерката Грковска: Со конкретни мерки, но и со отворена дебата градиме родова еднаквост и во спортот и во општеството

Заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска одржа воведно обраќање на Интернационалниот биатлон форум на тема „Родова еднаквост во спортот – можности и предизвици“.

Во своето обраќање вицепремиерката Грковска нагласи дека на уривањето на родовите стереотипи во спортот, но и во општеството воопшто треба да работиме сите заедно, особено со младите кои не се раѓаат со предрасуди, туку ги стекнуваат подоцна, под влијание на околината во која живеат.

„Жените во спортот се соочуваат со многу повеќе предизвици отколку мажите. Трнлив и тежок е нивниот пат до успехот и затоа сакам да им честитам на спортистките и спортските работнички, за сите постигнати успеси и признанија во сеуште доминантно машкиот свет, кои сите ние ги славиме како наши национални успеси. Затоа, од исклучително значење е и одржувањето на денешниот форум посветен на родовата еднаквост во спортот, но и воопшто во општеството. Само со гласност, само со отворена дебата можеме да се спротивставиме на стереотипите и на предрасудите“, нагласи вицепремиерката Грковска.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *