Вештите жени од Струмица собраа речиси 90 илјади денари за доградба на настрешница на црквата “Свети Кирил и Методиј” на Суви Лаки
На настанот Етно вешта жена учествуваа организациите на Вешта жена од 16 градови од Македонија.
Иако дождот предвреме ја прекина неделната дружба на Огражден, настанот го посетија над 800 гости од цела држава. Се дегустираа јадења направени од организациите на вештите жени, а се приготвуваа специјалитети и на лице место. Настанот го збогати и учеството на „Фолклорна низа“ кои го закитија просторот со убавите носии и македонските ора.
Манифестацијата ја поддржаа приватни компании и Општина Струмица