• Thu. Nov 21st, 2024

Вештачката интелигенција закана за работните места

Развојот на вештачката интелигенција може да доведе до автоматизација на голем број работни места во САД и Европа, што би можело значително да загрози стотици илјади работни места, покажува истражувањето на инвестициската банка Голдман Сакс.


Инвестициската банка вели дека системот за вештачка интелигенција, како примерот на ЧетГПТ, во иднина би можел да создаде содржини што не се разликуваат од човечкото производство, а тоа би можело да предизвика бум на продуктивноста, што на крајот би го зголемило годишниот БДП за седум проценти во период од 10 години, пишува „Фајненшл тајмс“.


Тоа би придонело и за значителни нарушувања на пазарот на трудот, ставајќи во ризик 300 милиони работници во големите економии. Процените покажуваат дека приближно две третини од работните места во САД и Европа се изложени на одреден степен на автоматизација на вештачката интелигенција, врз основа на податоците за задачите што вообичаено се извршуваат во голем број професии.


Во САД, вештачката интелигенција би влијаела на околу 60 отсто од работната сила, додека близу 30 отсто што вршат физички работи нема да бидат загрозени. Неодамна Бил Гејтс зборуваше за развојот на вештачката интелигенција, кој изјави дека тоа ќе влијае на индустријата во следните десет години.
– Доказите покажуваат дека поседувањето основни математички вештини ги подготвува учениците за успех, без оглед на кариерата што ја избираат. Меѓутоа, постигнувањата по математика паѓаат низ целата земја, особено за Афроамериканците, Латиноамериканците и учениците со ниски приходи. Вештачката интелигенција може да помогне да се смени тој тренд. Вештачката интелигенција ќе ја подобри вашата работа, на пример со тоа што ќе ви помогне да пишувате е-пошта и да управувате со вашето сандаче – рече Гејтс.