Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска ќе ја посети Македонија.
Вархеји во Скопје ќе допатува од Софија каде што вчера оствари средби со бугарскиот државен врв.
Во Софија тој учествуваше и на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“. За време на настанот, Вархеји вчера порача дека е разочаран за блокадата за почетокот на преговорите и дека немаме време за губење.