• Fri. Nov 22nd, 2024

Велика Британија се подготвува за евентуална смрт на кралицата Елизабета Втора

Постои точен протокол за тоа како треба да одѕвонуваат црковните ѕвона при евентуална смрт на кралицата Елизабета (95), а црквите во Велика Британија масовно се подготвуваат за ваков настан, откако таа се избори со ковид во февруари годинава. Што е операција „Придушување“?

Според протоколите, смртта на монархот во Велика Британија се одбележува со целосно „задушување“ на црковните ѕвона, а повеќето од 16.000 цркви во кралството не се подготвени за ваков настан.

За последен пат црковните ѕвона во Британија одѕвонувале со придушен тон во 1952-та година, односно по смртта на таткото на кралицата Елизабета Втора, кралот Џорџ Шести.

Според Daily Mail во кралството во моментов масовно се мобилизираат кожари чија задача е да изработат кожени облоги за црковните ѕвона што го обезбедуваат длабокиот и придушен тон.

Ваков тип облоги произведуваат само одредени кожари во земјата, а големиот број цркви веќе прават нарачки за истите.

„Доста време разговаравме со послугата на кралското семејство и веќе се утврдени протоколите во случај на смртта на монархот, што се надеваме дека нема да се случи брзо.

Додавањето придушувачи прави ѕвоната да звучат тажно, како шум“ – појаснува Вики Чепмен од централниот комитет на здружението Church Bell Ringers.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *