На 21 април, на ден Велики четврток, во 13 часот во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи Велигденски хепенинг.
Настанот е наменет за сите деца од основношколска возраст кои со четкички, бои, хартија и друг сликарски материјал, слободно можат да дојдат на хепенингот и да ги создаваат своите уметнички слики.
Настанот е отворен и за сите родители и останати граѓани кои ќе посакаат да дојдат и да бидат дел од дружењето на децата, во неформална атмосфера, во предвелигденско расположение. Во еден свој дел хепенингот како уметничка појава е најтесно поврзан со сликарството при што акцентот не е толку на сликата, на крајниот нејзин резултат, туку е повеќе на самиот процес на создавање на сликата. Творењето на децата среде мноштво други деца на хепенинг, надвор од формално-образовниот процес во училиштата, е посебно искуство за децата. Повелете дечиња и вие родители во четврток!