Вечерва со почеток во 19.00 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи трибина на тема „Родова идеологија“. Организатор за трибината е Фондација Елеуса“. Говорници се д-р Биљана Аризанкоска Ефтимова, специјалист психијатар, професор д-р Ристо Солунчев, професор на Институтот по филозофија и викарниот епископ г-н Јаков Стобиски.
Оваа е втора трибина на Фондација елеуса. Првата беше во јуни во струмичкиот амфитеатар на тема: „Потполно здравје на младите, духовно и ментално и здрав начин на живот“.
За здравјето кај младите, нивните навики, за духовното и ментално здравје и за здравиот начин на животот говореа д-р Александар Митов, магистар по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето, д-р Ангелина Илиевска, специјалист психијатар и психотерапевт и Епископот Јаков Стобиски од Струмичката Православна Епархија.