Со настапот на познати музички имиња од македонската и српската естрада, вечерва продолжува „Мандра“ фестивалот во Дојран.
Присутните туристи, но и гости што пристигнуваат специјално за настапите ќе можат да се забавуваат на паркингот „Гранит“, кој е место за одржување на ваквите музички настани во Дојран.
Градоначалникот Ангов смета дека фестивалите го раздвижуваат градот во летото и даваат содржина плус на туристите.