• Fri. Nov 22nd, 2024

Вечерва почнува 11 Фестивал на источно црковно пеење

Во храмот на Свети 15 Тивериополски свештеномаченици вечерва ќе се одржи 11 Фестивал на источно црковно пеење. Со почеток од 19 часот ќе настапат два хора. Првиот е женскиот хор„ Свети Теофил Струмички“ од Струмица под диригенство на професор Зоран Мазнејков, а вториот е машкиот византиски хор „Свети Нектариј Битолски“ од Битола под диригенство на м-р Игор Гулевски.

Женскиот хор „Свети Теофил Струмички“ од Струмица основан 2006 година по иницијатива на Протоереј-Ставрофор Димитар Крцев, со благослов на митрополитот струмички Наум.

Машкиот византиски хор „Свети Нектариј Бтиолски“ е основан 2006 година и редовно учествува на неделните празнични литургии во храмот „Пресвета Богродица“ во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *