Денеска, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, Даниел Апостолов на фагот и Дарко Мариновски на пијано ќе одржат целовечерен концерт. Ќе бидат изведени композиции од: Телеман, Каливода, Кехлин и Тулу. Концертот ќе започне во 19:30 часот, а влезот е слободен.
Даниел Апостолов е вработен како фаготист во Македонската филхармонија, а Дарко Мариновски е редовен професор при Катедрата за композиција и инструментален оддел на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“. И двајцата активно учествуваат во концертниот живот, како во Македонија, така и во странство.