Вечерва ќе се одржи традиционалниот „Концерт под маски“ на основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица. Како што со години се случува, мали и големи музичари ќе настапат на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Последниве два дена учесниците имаат интензивни проби и ги дотеруваат деталите околу настапот кои вообичаено трае околу час и половина.
Концертот во последните години користи сцени од Националната опера и балет со што музичката карневалска забава добива уште повпечатлив изглед.
Вечерва, како што е случај изминатите години, ќе се одржат два последователни концерта.