Вечерва ќе се одржи првото издание на фестивалот на детски песнички, „Вртелешка“. Станува збор за авторски проект на професорките во основното музичко училиште „Боро Џони“, Ана Тимова и Костадинска Ончева. Тие велат дека создавале музика за деца во текот на пандемијата и долгиот карантин, па отккао заврши тој период сфатиле дека имаат материјал што вреди да се презентира во јавноста. така, се родила и идејата за детски фестивал.
За името на фестивалот но и како течеле подготовките за ова музичко шоу, слушнете го разговорот што со нив го водеше Сузана Мицева.