Овој четврток во Струмица се организира Вечер на поезија. Ќе се слушнат стихови од струмички поети кои не се веќе помеѓу нас, а настанот го носи симболичниот наслов „За нас нема збогум“ според книга песни од Љубен Ташковски.
„Целта е да се потсетиме на значајните поети со струмичко потекло, но и да упатиме порака дека нема зборум за уметниците кои имаат значаен придонес за развој на македонската книжевност“, велат од Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ кои се организатори на настанот со поддршка на општина Струмица.
Настанот почнува во 18.45 на просторот пред „Мала сцена“ а ќе се читаат стихови на: Иван Василевски, Љубен Ташковски, Бранко Бјадов, Доне Чапаров, Видое Подгорец, Вартан Василевски, Стојчо Балкански, Ристо Шишков и Иван Давчев.
Ретроманија трио се задолжени за музичкиот дел на вечерта.