• Sat. Nov 23rd, 2024

Вечер на љубовни писма од светската литература

Вечерва ќе се одржи книжевен настан посветен на љубовните писма од светската литература. Настанот насловен „Ви пишувам-зад друго можам?“ според писмото на Татјана Ларина до Евгениј Онегин е предвиден да интерпретира познати писма од македонската и светската книжевност, но и писмата коишто познатите писатели ги разменувале со своите љубови.

Писмата ќе ги читаа книжевници, ученици, професори. Ќе учествуваат: Викторија Баџукова, Панче Ангелов, Сања Велкакова, Мариета Дукиќ, Катерина Панов Кожаров, Сузана Мицева, Ана Витанова-Рингачева, Смилја Василевска, Ице Беличев, Павле Стојанов. За писмата и нивното значење ќе говорат професорката по македонски јазик и литература, Билјана Костадинова и поетот Никола Маџиров.

Музичката подлога за настанот ќе биде на Горан Алиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *