Ваучер за туризам владата ќе дава за граѓани со ниски примања од 200 евра
Ваучер за годишен од 12.000 денари ќе дава Владата за граѓаните со ниски примања. Министерот за економија Крешник Бектеши на вчерашната прес-конференција кажа дека во делот на туризмот и оваа година ќе продолжи мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Но, ваучери нема да има за сите граѓани со ниски примања туку ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“.