• Mon. Nov 25th, 2024

Василево за отварање Општинска канцеларија за соработка со дијаспората

Општина Василево има позитивен став по прашањето за отварање на функционална општинска канцеларија за соработка со дијаспората –  е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба со претставникот од кабинетот на Министерот во Владата на РСМакедонија задолжен за дијаспората и понудата за потпишување Договор за отварање на општински Центар за дијаспора.

Денешната средба беше во функција на запознавање на Општина Василево со програмските определби за соработка со дијаспората и целта и функцијата која би ја имала општинската канцеларија како центар кој ќе има посредничка улога и воедно ќе овозможува пристап до потребните информации  на гараѓаните од дијаспората, за остварување на соодветните права и постапки пред надлежните институции.

По денешната прва средба, на која општина Василево изрази позитивен интерес, следен чекор е потпишување на Договор со Министерот задолжен за дијаспора, со кој ќе се регулираат правата и обврските на Владата на Република Северна Македонија и општина Василево.

Канцеларијата  – Центар за  дијаспора, ќе биде лоцирана во населеното место Василево, во просториите на зградата во која е сместена амбулантата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *