Поетесата Вања Изова Велева денеска ја прими наградата „Даница Ручигај“ во просториите на Друштвото на писателите на Македонија. Претходно, жири комисијата во состав: Васил Дрвошанов (претседател) и Ивица Челиковиќ и Зоран Пејковски (членови) едногласно одлучи наградата Даница Ручигај за 2022 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, да ја добие Вања Изова Велева за книгата Место за бегство. Велева вели дека оваа награда е голема чест за неа.
Според Велава, „Место за бегство“ е посебна книга што добро е примена кај читателите, а се подготвува и препев на англиски.
Наградата „Даница Ручигај“ се додели по деветти пат во чест на поететсата Ручигај која трсгично го загуби животот во скопскиот земјотрес на само 29 години.