Безвременската поезија на Видое Подгорец добива нов лик со илустрациите на Ване Костуранов. Издавачката куќа Темплум ја издаде сликовницата-стихозбирка Споменик од песни за која Костуранов нацрта илустрации.
Ова е прва сликовница од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа Темплум. Клучна идеја е да се спојат старите и новите автори, класичните вредности со актуелните, вели издавачот.
Промоцијата е вечерва од 19.00 часот во големиот Градски парк а книжевниот настан е со име „Фини деца со сликовници“, во организација на издавачката куќа Темплум.
Настанот ќе започнува со промоција на книгата „Споменик од песни“ од Видое Подгорец и Ване Костуранов.
Потоа ќе се промовира книгата „Девет преобразби во чудната шума“ од Пандалф Вулкански, со илустрации од јапонскиот уметник Такео Такеи.
Паралелно со промоциите ќе се одвиваат креативни работилници за деца со рециклирани материјали.