Сите граѓани кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Астразенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека потребни се три недели за да се создаде имунитет, информира Министерството за здравство.
„ Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“ предупредува министерството.
Како што се наведува, најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa. Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата, појаснуваат од Министерство за здравство.