Во рамките на проектот ReLOaD2 што Општина Гевгелија го реализира со Програмата за локална демократија- УНДП, на 13 октомври, 2022 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 11:00 ч., ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од општина Гевгелија за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината, пред објавувањето на Вториот јавниот повик за финансирање на проекти на граѓански организации.
На која ќе бидат разгледани можностите за подготовка на предлог-проекти од oбласта на: туризмот и културата, заштита на животната средина, локалниот економски развој, социјална инклузија и човекови права, и спорт и млади.