• Fri. Nov 22nd, 2024

Утре стартува ФКТ Ристо Шишков во Струмица

Утре започнува триесетото издание на ФКТ „Ристо Шишков“ кој традиционалное поврзан со Денот на независноста – 8 септември. Актери од 9 престави на исто толку театри и културни центри од земјава и странство ќе конкурираат за наградата за најдобро актерско остварување што се доделува на Фестивалот.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац, а Фестивалот свечено ќе биде отворен со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати.

Освен прилепскиот на ФКТ Ристо Шишков ќе бидат одиграни и преставите ,, Анатамија на неверство“ на Театар Комедија, ,,Четири еполети“ на театарот Мухарем Ќена од Митровица, ,,Демони“ на битослкиот театар, ,, Разеди ме“ на театар Провокација. На 11 септември на репертоарот ќе бидат МКЦ Скопје со претставата ,,Вистинскиот запад“ и Драмкиот куклен театар од Враца Бугарија со ,,Злосторство и казна“. Следниот ден МНТ ќе ја одигра ,,Нема да биде крај на светот“ и велешкиот театар со ,,Синиот портокал,,

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, а се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *