Во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ утре ќе се одржи втора проекција на филмот „Што е тоа жена„ на Мет Волш. Во филмот с еприкажани повеќе интервјуа со професори, лекари, психолози, кои одговараат на прашањето: Што е жена?
Филмот е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува една многу современа, сериозна и значајна тема – што е тоа жена, како се дефинира жената, дали личните чувства можат да бидат над реалните биолошки факти, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.
Првата проекција на филмот беше пред неколку седмици во малата сала на Центарот за култура. Поради интерес на граѓаните, Фондација „Елеуса“ ќе го прикаже уште еднаш утре со почеток од 19 часот.