Целта на овој отворен ден е едукација на граѓаните и граѓанките на темата еднаквост и недискриминација, но и преставување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) како тело кое нуди заштита од сите типови на дискриминација.
Претставниците/чките на Комисијата се отворени за дискусија со локалното население и ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на присутните.
Важно е да ја подигнеме свесноста дека дискриминацијата е штетна за општеството, но и дека е забранета со закон и не треба да остане непријавена. Токму затоа ќе се зборува како да се препознаат формите на дискриминација, но и како да се пријави дискриминацијата. Важно е да научиме дека луѓето треба да ги почитуваме онакви какви што се, затоа што сите сме еднакви и имаме исти права.
Во Струмица, настанот ќе се одржи во среда, во паркот кај Општината, со почеток во 13 часот, а ќе го отвори г. Кире Василев, претседател на Комисијата. Ги покануваме граѓаните и граѓанките на општина Струмица, да земат учество на овој еднодневен настан.
Настанот е финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.